Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со свои лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
– Почитувани сограѓани,
на последните три парламентарни избори како пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја добив Вашата поддршка. Како народен пратеник ве застапував вас граѓаните врз основа на Уставот и законите во Собранието на Република Македонија.
Јасно кажувам како пратеник дека не се согласувам и нема да гласам за промена на Уставот на нашата држава, со цел промена на уставното име на Република Македонија.
Нема да дозволам да се избрише вековната македонска историја, заветот и идејата водилка на нашите предци. Никој од нас нема мандат да ги избрише двата Илиндена, 8-ми септември, никој нема право да го укине континуитетот од 74 години развој на Република Македонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи