Заменик Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во интервју за порталот Курир.мк зборува за повеќе актуелни теми од неговиот ресор, како и алармантно лошите состојби во министерството кои ги затекна кога влезе во техничката влада за да обезбеди фер и демократски избори.
Тој на почетокот на интервјуто направи паралела за тоа каква била состојбата во 2020 година кога исто така беше на оваа позиција во тогашната техничка влада во споредба со таа денес.
“Ситуацијата е многу покатастрофална од тоа што беше во 2020-та година, а тоа го говорат сите показатели, статистички и економски извештаи кои ги води и самото министерство. Таа ситуација се отсликува и на терен помеѓу земјоделците независно од кој дел на Република Македонија се наоѓаме. Едноставно, селата сега се уште поиспразнети од тоа што беа во 2020-та година, имаме се помалку земјоделци кои се занимаваат со земјоделство и во регистрите, но и во теренска активност. Македонија станува се повеќе увозно зависна од храна. Тоа го говорат и сите статистички податоци кои ги води државата во смисла на потрошени средства за увоз на храна на сметка на домашното производство кое е далеку намалено. Ситуацијата е повеќе од алармантна! Во оваа 2024-та година земјоделците се на прагот на исчезнување и Македонија станува се повеќе увозно зависна од храна, односно онаа домашна, квалитетна храна која некогаш сме ја имале за сопствените потреби и најголем дел за извоз што значело девизен прилив за државата денеска е во сосема обратен правец. Оваа категорија на граѓани кои што се најзаслужни и за нашата економија и за нашата егзистенција е далеку под она ниво на кое некогаш сме биле, “
-рече Цветан Трипуновски во неговото интервју за Курир.мк.
Овој дел од неговата изјава погледнете ја во продолжение:
Целото интервју во кое што зборува и за останати поразителни состојби во ресорот земјоделие, шумарство и водостопанство, но и за дел од најавите за подобрување на состојбите по превземање на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ по изборите на 8 мај, погледнете го во продолжение


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации