Тврдината Исар е посебен белег за градот. Тоа е возвишение на 150 метри над нивото од река Брегалница. Во 2009 година истражувачите открија 30 метри од тунелот што води од реката до врвот на Исарот. Со тоа се потврди најраскажуваната штипска легенда за освојување на градот преку таен тунел под Исарот, за кој во 17 век пишувал и турскиот патеписец Евлија Челебија. Истражувањата во последниот период само потврдуваат за длабоката историја. Целта е да се изврши конзервација и реконструкција на тврдината, која до крајот на 2011 година треба да биде комплетно осветлена. Погледот е целосно свртен кон историската тврдина Исар, доколку се застане пред самиот влез на убавата зграда на Општина Штип. Истата се наоѓа во централниот дел на градот. Сместена е од левата страна на реката Отиња, притока на река Брегалница, која минува низ градот Штип.
1. Дворецот (замокот), поставен на највисокиот дел на ридот. Долг е 106 м., а Широк до 20 м. Северниот дел на просторот завршувал со триаголна кула што денес е урната. Во северниот дел и на јужниот дел на оградениот простор се гледаат две цистерни за собирање дождовница. На средината од источниот ѕид (кој максимално е урнат) стои главната кула (донжон). Покрај неа, од јужната страна стоела порта за влез во замокот, а на северната страна на кулата е потпрена стражарската куќа за внатрешната (удвоена) порта. Низ оваа порта се влегувало од предниот двор во дворот на палатата.
2. Стопанскиот дел на замокот (цвингер) се простира на падините и тоа: северно, источно и јужно од дворецот, на простор долг 250 и широк 50 м. Поради поголема сигурност во случај на напад, две порти биле поставени бочно во насока на обѕидот. Најлесен пристап постои од север, по тесниот срт што се спушта кон реката, но на тој дел обѕидот е максимално урнат.Во воените операции против Самуил, византискиот цар Василиј 2 во 1014 година ја освоил тврдината Штип (Стипеион). Потоа долго време нема вести за Штип. Во 1282 година кога Србите ја поместиле границата, Брегалничкиот регион е целосно освоен од Србите во 1328 година. Несомнено, откако Србите завладеале со Штип, била обновена и тврдината, но не веднаш. Турците го освоиле Штип во 1385 година (според Ф. Бабингер) и најмалку два века во Хисарот држеле воена посада. Во 1530 имала 17, а во 1573 год. 11 стражари.Во своите патни белешки Хаџи Калфа и Евлија Челеби велат дека Хисарот во Штип во тоа време (17 век) бил запустен. Потоа тврдината веќе никој не ја користел
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Оваа ретка фотографија на Принцезата Дајана, содржи нешто што фотографот отпосле го воочил
Сѐ е подготвено за концертниот јубилеј на ДРИМ ТИМ – 25 ГОДИНИ МУЗИКА
Сите што пропуштија да земат билет за првиот распродаден концерт на Суперхикс, еве нова можност со втор закажан концерт