Секој кој одлучил да го дисциплинира народот, однапред ја губи битката, бидејќи животните се дисциплинираат и дресираат, додека луѓето се култивираат. Да култивираш значи да негуваш, да се грижиш, да образуваш, да усовршуваш и облагородуваш нешто или некого со голема љубов, грижа и трпеливост. На ова упатува и самиот зборот „култивирање“, кој потекнува од латинскитe зборови „cultivare/colere“ и значи негување, одгледување, облагородувње, усовршување, збогатување, почитување… Меѓутоа, за да можеш култивираш и самиот мора да бидеш култивиран – воспитан, образован, облагодарен. Во спротивно, општеството и државата се преобразуваат во човечка фарма/менажерија, која не ќе може долго да ја поднесе пресијата – дисциплинирањето и дресирањето на секој чекор и секој ден. Еден ден, по најмал повод, може да експлодира
Пишува: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!