БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Имам близок пријател и колега во Хрватска. На почетокот бевме само колеги, потоа станавме пријатели. Другаруваме и се допишуваме со децении. Тој е незадоволен од состојбите во Хрватска. Јас сум незадоволен од состојбите во Република Македонија. Политиката, природно, е неизбежен дел од нашата преписка. Наместо да се натпреваруваме каде е подобро, со пријателот се натпреваруваме каде е полошо – во Хрватска или во Македонија, бидејќи ретко што добро има и кај нас и кај нив. Сепак, се согласивме дека и ваму и таму е исто. Дека е еписибир. Во тој дух, во своето претпоследно јавување мојот хрватски пријател пишува: „… не ни преостанува друго, мој Љубо, туку (прости ми на бруталноста) говната на нашите животи упорно да ги преобразуваме во капки чоколадо. И притоа дури (овде и онде) да уживаме во нив.“

Што можев друго да му напишам, освен дека е така; дека говната на нашите животи ги преобразуваме во…

П.С. Простете на употребениот израз. Но, нештата (понекогаш) треба да се именуваат такви какви што се, како неопходен услов за ослободување од нив.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот