Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов на денешна изјава за јавноста ја обвини локалната власт во Штип на непостапување во однос на своите тековни работи.
Во пресрет на денешната седница на општинскиот Совет Јорданов ја информира јавноста за проектите кои се наоѓаат во извештајот за работа на Јавното претпријатие Стипион од Штип, за кои рече дека предолго време се реализираат и доцни нивната имплементација.
Состојбата со инфраструктурата во Штип е во очајна состојба. Ниту јавните претпријатија, ниту општината си ги вршат своите тековни работи. Но, и за тоа што го прават, им е потребно многу време, а граѓаните се жртви на несоодветниот кадар кој менаџира со водечките структури во градот.
Денес на дневен ред на седницата Комисијата за финансирање е извештајот за работата на ЈП Стипион. Во истиот има неколку проекти, за кои граѓаните на Штип знаат дека се реализираа предолг временски период. Тротоари се поставуваа и по неколку месеци, платото пред пензионерски се правеше половина година, а се зголеми и цената на пакингот.
Кружниот тек и обилколницата втора година го чекаат светлото на денот. Проектите кои беа претходно започнати едвај се завршуваат, а безидејноста за нешто ново не резултираше со очекувањата на граѓаните.
Од друга страна пак, Градоначалникот се фали со асфалтирање на дури еден километар улици, а не дава отчет колкава е дебелината на асфалтот. Се фали со поставување на водовод, а не дава отчет дека се беше претходно подготвено. Од него се чекаше само приклучокот.
-изјави Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Спецификата и убавината на “Ѕвегорска сурова” вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Наближува Православна Нова Година. Таа во село Ѕвегор (Делчевско) се празнува најавтентично
По обилните врнежи од снег во Кочани – КЈП „Водовод“ на терен со расчистување на улиците и тротоарите