И денес Скопје, омилениот град на неговите градоначалници, како и на другите незаинтересирани и добронамерни стопаственици, спокојно си спише, обвиткан од густата магла и благопријатниот смог. Неговиот тивок сон можете да го видите на приложената фотографија, кон која приложувам уште една фотографија на еден бандит-терорист, чија идеологија и партиска припадност не се утврдени.
Додека го привршувам постот, тивко си ја потпевнувам песмичката „Градот убав пак ќе рикне“, која Детскиот хор „Златно славејче“ погрешно ја пееше „Градот убав пак ќе никне.“ Како да не – ќе никне! Нема да никне, ќе рикне – во името на прогресот.
П.С. Во меѓувреме, Пандорината се шири. Во Уставот срамежливо се шмугнува двојазичноста, предвидена со Тиранската платформа. Така, идилата станува целосна.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј
Министерството за здравство ја започна постапката за донесување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026–2030