БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски. ЗАПАДНО ОД РИО ПЕКОС

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вчера Зоран Заев изјави дека секогаш бил, и дека е, за дијалог. Во тој дух, тој рече: „Јас сум првиот што секогаш го почитува дијалогот и сега имам намера целосно да го почитувам, но нема да поднесам о с т а в к а (која, патем, е предвидена со Пржинскиот договор, заб. Љ.Ц.) ако некој ги блокира законите во Собранието, а без поднесување на оставката, нема п о ч н у в а њ е на постапката за одржување на изборите.“ Чудно некое сфаќање на дијалогот и на демократијата, бидејќи оваа негова изјава (да е само таа) се сведува на следново: „Или ќе биде по мое, или ништо нема да биде.

“ Можеби тоа е „навистина“ демократија, онака како што ја сфаќа сегашната власт. Меѓутоа, кога не се остава место за поинакви мислења и решенија не само што станува збор за најгруба автократија, туку потсетува на Дивиот запад, од предминатиот век, кога некои шерифи палеле и гаселе, онака како што ќе им се посака. Во оваа смисла, парадигматичен е меанџијата/судија Рој Бин (познат и како судија за бесење, макар што само двојца осудил со казна бесење), кој бил Закон на сѐ што се наоѓа западно од Рио Пекос.

Во македонскиот случај, на сѐ што се наоѓа источно од Западот. Може, по избор, и источно од рајот! За Бил Хикок (познат и како Дивиот), како и за други шерифи-нешерифи, во некоја друга пригодна пригода

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace