Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во јавноста ја афирмираше реконструкцијата на регионалниот пат Крива Паланка- Деве Баир кој што до сега е реализиран 55% со вкупна инвестиција од 10.16 милиони евра.
“
Одговорно и посветено Владата како никогаш досега вложува во македонскиот исток. Одлично напредува реконструкцијата на патот Крива Паланка- Деве Баир, со досегашна реализација од 55% и вкупна инвестиција од 10.16 милиони евра, средства обезбедени преку #ЕБОР.
Преку овие капитални инвестиции за граѓаните овозможуваме побрз но и побезбеден патен превоз, подобри услови за привлекување на нови инвестиции, и поголема туристичка посетеност, што директно влијае на подобрување на економскиот раст во државата, но и регионот.”
-соопшти преку социјалните мрежи Љупчо Николовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Имаме големи планови за изградба на нови експресни патишта, меѓу кои и нов експресен пат од Кочани до граница со Бугарија
Драган Ковачки: Вечна му слава на Претседателот Борис Трајковски
Објава за изгубен Родовник