БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Утре (петок) во 20.30 часот- Презентација на Обновата за Македонија пред делчевчани

Пренеси го гласот

Во петок, 10.07.2020 година со почеток во 20.30 часот на Летната сцена во центарот на Делчево ќе се одржи собир на Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Делчево.

На настанот ќе се обратат кандидатите за пратеници во третата изборна единица Христина Смилевска и Драган Ковачки од Делчево, носителот на Кандидатската листа за пратеници во третата изборна единица Игор Јанушев, како и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Кандидат за премиер Проф. Д-р Христијан Мицкоски.

Во продолжение го пренесуваме соопштението кое што го упатија организаторите на овој настан во јавноста:

“Граѓани на Делчево и околината,
Придружете се на напредокот, правдата, развојот на економијата, растот на животниот стандард и светлата иднина за сите граѓани на Делчево и Република Македонија.
Исправени, горди и достоинствени Македонци придружете се на Обновата на Македонија. Заедно обединети да ја извојуваме новата победа на 15 Јули за сегашните и идни поколенија.
Придружете ни се на нашиот собир на летната сцена во Градскиот парк во центарот на Делчево во петок на 10-ти Јули со почеток во 20.30 часот.
Сите заедно да упатиме гласна порака дека Обновата победува на 15-ти Јули.
На собирот свое обраќање пред присутните ќе имаат:
-Христина Смилевска -кандидатка са народен пратеник во третата изборна единица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија од Делчево;
-Драган Ковачки- кандидат за народен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија од Делчево
-Игор Јанушев- Носител на кандидатската листа за пратеници во третата изборна единица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија од Велес
-Проф. Д-р Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Кандидат за Премиер на Република Македонија.

Да ги почитуваме препораките за заштита од Ковит-19 со носење маска и одржување на меѓусебно растојание од 1.5-2.0 метри”

Креирано од:


Пренеси го гласот