Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски потпиша договор за грант за проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ што го склучуваат Министерството за животната средина и просторно планирање и Општина Кочани.
Договорот е со финансиски износ од 52.952.080 денари за реализација на потпроектот „Замена на стари водомери со нови повеќемлазни водомери комплет со радиомодул и замена на ултразвучни водомери и нивна интеграција во системот за далечинско отчитување во општина Кочани“.
Со овој грант на територијата на општина Кочани ќе се постават 5009 нови повеќемлазни водомери. Тие ќе овозможат далечинско отчитување на состојбата со електронски пренос на податоците, без влијание од човечки фактор. Придобивка од проектот ќе биде намалувањето на бројот на инкасатори во КЈП „Водовод“ – Кочани.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Mора да се бориме за целосна рамноправност меѓу жените и мажите, што ВМРО-ДПМНЕ во Делчево на силен начин го докажуваме
Со детска театарска претстава завршува одбележувањето на Детската недела во Кочани
66 годишен беровчанец удрил со својот автомобил во 52 годишен пешак на регионалниот пат Берово-Делчево