Модуларниот јазик на новиот веб сајт на собранието на Република Македонија во моментот е албански без разлика што во опциите кои што ги дава платформата на корисникот има избрано Македонски јазик.
Ваквата ситуација оневозможува непречено користење на целосната функционалност на овој интернет сајт на една од најзначајните институции во државата и нефункционално информирање на Македонските граѓани кои што не го познаваат Албанскиот јазик и истите се дискриминирани од страна на одговорните лица за изработката и управувањето на веб сајтот, за ваквата состојба.
Дали ваквата пракса ќе се надмина наскоро, останува да видиме, но после ваквата импровизација (намерна или ненамерна) останува чувството на дискриминација по однос на слободното користење на Македонскиот јазик за службени потреби во државата.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новиот Закон за енергетика објавен во „Службен весник“ – започнува официјалната примена
Истрага против 11 лица од кои седум полициски службеници
Поднесени обвиненија за предметот „Онкологија“