На претстојните Локални избори во Општина Карбинци трката за нов Градоначалник од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ја трча Виктор Паунов одлучи Централниот Комитет на партијата.
ВикторПаунов е актуелен Претседател на Општинскиот Комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ под чија што менаџерска палка Карбинци ја врати партијата на победничките патеки победувајки минатата година на предвремените парламентарни избори над СДСМ со убедлива доминација со гласови над СДСМ и останатите политички партии.
“Виктор Паунов е семеен човек оженет и татко на 2 сина. Инаку по професија сум музичар. Она што ми дава мотивација во животот се секако децата, како човек сум упорен и своите цели ги постигнувам со истрајна работа и секогаш по вистинската патека.
Во слободно време се трудам да бидам со семејството а барем еднаш неделно се рекреирам. Можам да кажам како хоби ми е возењето велосипед и понекогаш пешачењето. Со самата рекреација ја запознавам и општината на места каде што не сум бил или сум ги заборавил, а нив во Карбинци ги има толку многу…
За 10-15 години општина Карбинци ја гледам како место кое секој би сакал да живее и место кое ќе биде пример за успешна општина во Македонија. Место каде што ќе нема село без канализација, решен проблем со вода за пиење и наводнување, асфалтирани улици, дислоцирани депониии, пошумени ридови на планината Плачковица и многу други работи. Искрено се надевам дека ваквите мои очекувања ќе ги сумираме заедно после 10-тина години.”
-вели за себе Виктор Паунов во своето интервју за нашиот портал од почетокот на 2020 година.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нов динамичен концепт за развој на туризмот во Делчево: Градоначалникот Гоцевски најави формирање на Совет за развој на туризмот
„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти
16 годишник од Кочани со мотоцикл удрил во 74 годишна жена