“А бре Претседателе Пендаровски, очигледно е дека Вам и на сите шарени револуционери ви е најлесно да мудрувате и после 20 години ни раскажувате приказни за тоа што било и како било во 2001 година, па дали имало потреба од неа итн..
Гледам и за акцијата во Арачиново убаво ја исплукавте војската и полицијата. Демек не ги бивало војниците и полицајците па акцијата не успеала и затоа морало Питер Фејт да организира извлекување на т.н ОНА од селото…(?!)
Претседателе Пендаровски, прво, во таа војна не се бореа кукавици како Вашиот лидер Заев кој избега од регрутација во 2001 година, туку се бореа и загинаа борци-Македонци, наши браќа, роднини, пријатели. Тоа треба да го почитувате, а не да кажувате колку биле неспособни. Згора на тоа, уште и се гордеете со Вашата храброст да им кажете во лице дека биле неспособни!!!
Второ, г-не Пендаровски, тие момци оставија семејства позади нив. За кого? За да денеска Вие на приватна забава заедно со дезертерот Заев и со амнестираниот Ахмети ни беседите колку вие сте биле за мир, а жртвата на бранителите била залудна!?Чепкате стари незалечени рани и ни кажувате колку војната била бесмислена. Врв на лудилото!
Па кој ја почна војната во 2001 и за кои цели? Кој, зошто и како победи?
Трето, што му советувавте Вие на тогашниот Претседател од позицијата што ја имавте како советник за национална безбедност? Војниците и полицајците ли беа неспособни па мораше да се повлечат од Арачиново или нешто друго беше во прашање?
*Срам и арам да Ви е и Вам и на сите што на маката и жртвата на бранителите правите ПР кампања и повторно отворате рани кои им беа нанесени токму од таквите како Вас!
Не ја оживувајте темата за 2001 оти ќе се удавите во неа сите од прв до последен! Таа е дел од македонското минато и таму треба да остане. Време е да гледаме напред за иднината на сегашните и идните поколенија. Сосема за крај, за да не рече некој дека сме влегле во стапицата на Заев и Пендаровски и дека се навлекуваме на теми кои се затворени уште многу пред некои од нас да бидат активни во политичкиот живот, сакам да потсетам и да предупредам дека со трошењето на народни пари за прослави, само НЕПОТРЕБНО се предизвикуваат дополнителни поделби. Свесни сме дека единственото образложение за правењето на тие поделби е правење дефокус од економски девастираната и опљачкана нарко држава во која подеднакво се потонати и Македонците и Албанците и сите останати македонски граѓани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија