Извршната власт- Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ во соработка со ДУИ ветија кризна поддршка за приватните компании во Македонија кои што се пред целосен колапс под налетот на пандемијата со Ковит019. Според зборовите на Зоран Заев поддршката беше најавена за месеците октомври, ноември, декември. Истовремено истата таа влада од истиот тој Зоран Заев закасни со пиштање на неопходните законски измени во собраниска процедура со што избројани се деновите за нивно донесување од страна на пратениците.
Законските измени мора да влезат во сила пред 7 ноември за да може сметководствено да бидат пресметани платите за изминатиот (октомври) месец. Во спротивно ваквата најавена поддршка “ќе се изјалови” и работниците и компаниите ќе бидат ставени во дополнително лоша ситуација, измамени од ваквата најава на Заев.
Оттука се појави и големата загриженост кај приватните стопанственици за опстојот на нивните фирми.
Дали и на кој начин ќе биде реализирана помошта за компаниите за месец Октомври останува да видиме во претстојниот период.
За овој проблем реагираа од комората на сметководители а свој политички став во јавноста упати и Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, чиј што текст го пренесуваме во продолжение:
“Заради неспособноста и мрзеливоста на Владата на Заев доведена е во опасност поддршката за плати за Октомври за работниците погодени од короната. Законот сеуште не е стигнат во собрание, а треба да важи од 1ви ноември!За ова реагирав уште минатата недела, еве денес потврда и реакција од Комората на сметководители.Илјадници работници може да останат без плата заради неспособноста и мрзеливоста на Заев и старо-новата крими коалиција на лагата СДСМ/ДУИ.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“