БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на собранието за спас на егзистенцијата на народот во државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Стандардот на граѓаните во целата држава е донесен до стадиум на егзистенцијален колапс како резултат на огромната инфлација која што е присутна во мкедонската економија подолг период наназад.

Како одговорна народна партија која пред се во својата доктрина го има моментот на заштита на националните интереси на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ повторно излегува со понуда на политики кои што би требало да го заштитат егзистенцијалниот опстанок на граѓаните во овие услови на криза кои шти тежнеат врз грбот на граѓаните по различно основи.

Денеска на прес конференција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во јавноста образложи дел од активностите кои што по вонредна процедура ги превземаат пратениците на најголемата парламентарна партија во законодавниот дом.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес поднесе барање до Претседателот Талат Џафери, за закажување итна седница на која на дневен ред ќе се најдат законите кои што ги поднесовме до Собранието. Тоа се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност и Предлог законот за изменување на Законот за акцизи.

Бараме оваа седница да биде свикана што е можно поскоро со оглед на тоа што секоја помината минута, откако Владата реши да не ги продолжи антикризните мерки за годивата и основните продукти, претставува невидена голгота за граѓаните. Нашите граѓани страдаат. Нашите граѓани се доведени до ситуација, да очекуваат некој нешто да превземе бидејќи со ситуацијата во која Владата ги стави граѓаните, тие можат да преживеат одвај една недела, а не цел месец. Владата знаејќи каква штета ќе предизвика со укинувањето на антикризните мерки предизвика вртоглав раст на цените на горивата и основните продукти и додека многу влади во далеку поразвиени држави водедуваат дополнителни мерки за нивните граѓани да не трпат големи загуби, нашата Влада и Димитар Ковачевски мува не ги лази за граѓаните. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата  „Обнова за Македонија„ вчера поднесе два закони со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022. Го повикуваме собраниското раководство, веднаш да ја закаже итната седница.

Ја повикуваме Владата и парламентарното мнозинство да застанат на страната на граѓаните, заедно да ги донесеме овие закони кои ќе бидат големо олеснување во оваа кризна ситуација бидејќи ситуацијата секој ден станува се полоша и полоша и мора итно да се делува.”

– соопшти на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace