БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Населбата “Сењак 4” во Штип добива нови репрезентативни мултифункционални јавни површини

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Јавните површини и парковите се душата на една современа и модерна урбана општина. Со зголемување на бројот на жители и дивезификацијата на начинот на живот, од менаџментот и заложбите на градските власти зависи директно квалитетот на живот на граѓаните во секоја убрана целина во град како што е Штип. Токму состојбата на јавните простори и јавната инфраструктура пополека станува индикатор- мерило за степенот на развој на самата општина и определена урбана средина.

Покрај нивото на јавна свест за јавната чистота во еден урбан град како што е Штип градоначалникот, општинскиот совет како и локалните институции се најдирекно одговорни за уредувањето и развојот на јавните простори и комунална инфраструктура.

Во текот на денешниот ден градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов оствари работна посета на граѓаните на штипската населба “Сењак 4” каде што во тек е реализација на повеќе активности за уредување на еден таков јавен простор кој што претходно беше заборавен од надлежните органи на општината.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Заборавената населба Сењак 4 ќе добие современ парк со повеќенаменски детски игралишта и содржини.

Проектот предвидува изградба на повеќенаменско детско игралиште, игралиште за мал фудбал со вештачка трева, ново игралиште за баскет, целосно осветлување и уредување со нова урбана опрема.”

-соопшти Градоначалникот Иван Јорданов во врска со денешната теренска посета на граѓаните на оваа штипска населба.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace