Важен аспект во работата на секоја општина е посветеното и ангажирано следење на реализацијата на важните капитални инфраструктурни проекти кои што треба да обезбедат долготрајност и целосна непречена функционалност на подолг временски период.
Општинската администрација под раководство на градоначалникот Димче Атанасовски во изминатите 7 месеци покажа вистинска грижа за имплементацијата на проектите во сите сектори на реализација во интерес на граѓаните на општина Македонска Каменица.
Во таа насока денеска на лице место на терен Градоначалникот Атанасовски придружуван со дел од неговиот тим задолжен за имплементација на патна инфраструктура, направи увид на реализацијата на новата улица “Церска” заедно со претставници на Светска Банка, менаџментот на компанијата оператор која ги изведува градежните работи како и со надзорот. Од увидот на лице место заклучено е дека реализацијата на проектот се одвива со предвидената динамика и квалитет на работа, при што се очекува градежните работи да завршат во наредните неколку денови.
“Започна асфалтирањето на улица Церска во Македонска Каменица. Со претставници на Светска банка, фирмата-изведувач, надзорот утврдивме дека засега работите на терен се со одлична динамика и во наредните неколку дена проектот ќе биде комплетно завршен. На улица Церска ќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.
Од наредната недела започнуваме со фаза 2 од изградба на “Миле Јаневски Џингар” и нејзино спојување со улица “Мирче Ацев”.
Продолжуваме посветено!”
-соопшти Димче Атанасовски- Градоначалник на оптина Македонска Каменица во врска со реализацијата на овој значен инфраструктурен проект.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива
Физички напад во угостителски објект во Штип
Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“