БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено нешто што функционира се огласите за времени вработувања и парите кои се слеваат кај партиските послушници

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пандемијата коси низ Македонија, граѓаните ги трпат последиците од мерките, а СДСМ ја злоупотребува вонредната состојба.

Нема соодветна заштита за медицинскиот персонал и за граѓаните, недостасува сеопфатно тестирање, а функционерите на СДСМ се однесуваат како шерифи.

Единствено нешто што функционира се огласите за времени вработувања и парите кои се слеваат кај партиските послушници.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Граѓаните се прашуваат дали власта се наоѓа во состојба на епидемија и криза или во политичка кампања.

Советник на СДСМ во полициски час си тераше партиска кампања, а директор си објавуваше фотографии како со друштво прославува.

Републичкиот штаб нема информации дека општински штаб е тестиран заради сомненија дека членовите се инфицирани и само заради пропаганда одржува состанок под ризик да ја рашири заразата. Протоколите се игнорираат, а заради внатрепартиски битки се игнорираат и барањата на општинските штабови.

Целата паника се користи за ослободување на инволвираните во случајот „Рекет“.

Државата е во хаос и дополнително ќе ја заглават на долг рок. Рецесијата е започната, пари нема за бизнисите, граѓаните се исплашени за својата егзистенција, а власта нелогично ќе ја спасува олигархијата од пропаст.

Додека во светот и во европските земји владите носат сериозни мерки за заштита на граѓаните и стопанството, претставниците на власта во Македонија се натпреваруваат кој повеќе пресови ќе направи за да бидат „популарни“ и видени. Со ваков популизам и неспособност пати народот и државата којашто е во колапс.

-соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace