Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето интервју на АЛФА Телевизија во неделата го најави протестниот марш против “антимакедонските политики на владата”.
Протестниот марш ќе се одржи на 2-ри Септември (недела) во Кичево со почеток во 13.00 часот кај Автобуската станица во Кичево а ќе продолжи по улиците на овој Македонски град.
На протестот свое обраќање ќе има Претседателот Мицкоски во врска со актуелните случувања во државата.
ВМРО-ДПМНЕ организира протестен марш против антидржавните политики и погазување на националните интереси на Република Македонија.
Маршот ќе започне во 13:00 часот пред автобуската станица во Кичево каде присутен ќе биде нашиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски,
-соопштуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ