Внукот на Македонската поп-легенда Тоше Проески, Кристијан започна да чекори по патот на славата како и својот вујко. Скромно и ненаметливо го објави спотот на својата нова песна “Ние сме крв” (We are blood).
Кристијан ќе земе учество во концертот во наредниот петок (02.10.2018 година) што ќе се одржи во чест на ликот и делото на Тоше Проески на арената Филип 2 во Скопје со почеток во 20.00 часот. На концертот ќе биде промовиран неговиот албум “Тајно место” (Secret place).
На целовечерниот концерт ќе настапат Каролина Гочева и сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ.
Учеството на шоуто исто така го потврдија и балканските ѕвезди Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Сергеј Четковиќ, Борис Новковиќ, Владо Калембер, Ања Рупел и женскиот бенд „Фрајле“.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност