На 27.06.2025 во 21.30 часот на место викано „Друм“, во атар на с.Драгобраште, виничко, полициски службеници од ПС Виница во координација со ОВР Делчево ги лишија од слобода А.М.(26) од Делчево и А.Б.(24) од с.Вирче, делчевско, затоа што по извршен преглед на патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал А.Б., а во кое како сопатник бил А.М., под возачкото седиште е пронајдена и одземена марихуана. По насоки на јавен обвинител, лицата се задржани во Полициска станица Виница и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за здравство ниту гради ниту планира да гради згради во кругот на Државна болница
Божиновска на Berlin Global Dialogue: ‘Зависноста од еден извор е ризик од минатото“
Кривична пријава против двајца жители на Крива Паланка- попречувале службени дејствија на вработени во АХВ