Дел од вработените во подрачната единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Пехчево на социјалните мрежи се пофалија со добиената прва донација на вода за пиење.

Состојбата во оваа подрачна служба на министерството ескалираше по прекинувањето на снабдувањето со вода од страна на комуналното претпријатие во општината за подрачните канцеларии на МЗШВ, на фонд за здравство, Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјални политики, што се случи денеска.

Пред 8 години на барање на граѓаните на Пехчево, беше постигнат договор овие ресорни министерства да отворат подрачни единици се со цел олеснување на животот на жителите на Пехчево, за да не мораат да патуваат до најблиските градови. Општина Пехчево (според добиените информации од дел од вработените) се обврзала да обезбеди простории и истите да бидат ослободени од плаќање на сметки за вода.
Но денеска ваквата пракса била прекината од страна на комуналното претпријатие во Пехчево (кое што е под надлежност на ЕЛС Пехчево) и на овие подрачни единици им била прекината доставата на вода.

Оттука условите за работа на 15-тина вработени во овие подрачни институции е крајно влошена поради недостигот на вода за секојдневно користење.
Овие фотографии со донација на вода за пиење можеби делуваат смешно, но се сериозен индикатор дека постојниот проблем мора да биде надминат за овие луѓе.
Извор: Фејсбук и инфоњуз.мк


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево