Како звучи ветрот на површината на Марс? Сега за првпат во историјата на човештвото знаеме како. Звук беше снимен од површината на Црвената планета и испратен до седиштето на НАСА од страна на сондата која слета на површината на Марс на почетокот на месецов.
Од страна на комплексните сензори и емитери биле емитувани вибрирачки звуци кои што се одбивале од соларните панели на сондата.
Научниците најпрвин не биле подготвени да го слушнат ваквиот звук и биле изненадени од неговата чистота. Во официјална изјава на НАСА беше кажано дека “фаќањето на овој аудио сигнал не било планирано”. Сондата е опремена со високо сензитивна опрема на вибрации за регистрација на движења предизвикани од звучни бранови.
Анализирајќи ги звучните бранови, научниците на НАСА соопштуваат дека звукот бил предизвикан од ветар кој се движел со брзина од 10-15 милји на час.
Звукот може да се слушне на следното видео објавено од НАСА започнувајќи од 35-та секунда:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера