БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започна “искупувањето на гревовите” на Никола Димитров

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Никола Димитров кој го потпиша Преспанскиот договор под палката на Заев и Ципрас од страната на нелегитимно избраната Влада во Парламентот на Република Македонија, еден од најголемите поборници на терминот на “с” и кој е еден од најодговорен за впуштање во авантурата наречена “Договор за добрососедство со Бугарија”, на фејсбук, реагираше во врска со ставот на Бугарската академија на науките дека Македонскиот јазик не постоел.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата реакција:

„Во 21от век, во Европа, правото на самоопределување и само-изјаснување е неспорно. Односите меѓу две држави, за да бидат пријателски и блиски, претпоставуваат почитување на тоа право и на достоинството на другиот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Македонскиот јазик е еден од јужнословенските јазици. Стандардниот македонски јазик е официјално кодифициран во мај 1945 година, врз основа на централните говорни форми во тогашна Македонија. Беше еден од трите официјални јазици и во поранешна Југославија, а присутен е во ОН уште од 70те години на минатиот век.

Македонскиот јазик има свој историски развој и е признат од меѓународната заедница на лингвисти. Историскиот процес што го почнавме со соседна Бугарија, за да води кон вистинско зближување и пријателство, за да руши стравови и предрасуди, претпоставува взаемно прифаќање.

Прифаќање на периодот на заедничка и испреплетена историја што ги поврзува бугарскиот и македонскиот народ, но и на сегашноста – македонски народ што говори македонски јазик. За овој процес да успее, на двете страни им треба мудрост и деликатност, големина во разбирањето и почитувањето на грижите и достоинството на другиот.

Лесно е да се растури, тешко е да се гради“.

Креирано од:


Пренеси го гласот