БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зашов: Приоритет ќе биде обезбедувањето чиста вода за пиење во Чешиново – Облешево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Горанчо Зашов вечерва пред жителите на Чешиново ја претстави изборната програма. Тој истакна дека планирани се 34 проекти во сите населени места, но оти приоритет ќе се даде на обезбедувањето чиста вода за пиење. – До изградбата на акумулацијата Речани кај Кочани, жителите ќе се снабдуваат од алтернативни извори, а ќе се користи и градскиот водовод на Кочани. Изработката на физибилити студија за квалитетно водоснабдување е потреба за што ќе се заложиме таа да биде целосна и сеопфатна за сите населени места, рече Зашов. Тој најави дека приоритет ќе биде и изградбата на патна инфраструктура и на канализациони системи во населените места во општината. Токму затоа, рече Зашов, ќе се зафатиме со решавање на атмосферската вода во населеното место Чешиново ,а ќе ја довршиме и започнатата канализациона мрежа во Облешево. На средбата со жителите на Чешиново беше претставена и кандидатската листа на советници со носителот Далибор Ангелов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace