Имаме претседателски кандидат кој ќе води напред и зад кого стојат граѓани од сите етнички заедници и политички определби,
-порача претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на вечерашната прва трибина во Крушево, во кампањата на кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски и ги повика граѓаните на сериозност и одговорност.
Влеговме во тим за големи прашања, ги решаваме. Донесовме важни одлуки и продолжуваме напред. Со претседателски кандидат кој ќе биде ветар во грб, кој ќе биде сидро, ќе чекориме уште побрзо напред. Ова е патот.
Да избереме човек кој ќе води, оваа земја е на Стево, е на Заев, но е и на сите граѓани кои повикувам масовно да излезат на гласање, заедно сплотени, да избереме претседател на земја членка на НАТО и на ЕУ,
порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев од денешната трибина на централниот караван на СДСМ од Крушево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година