БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Фото и видео: Инцидент на протестот на производителите на слива во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска понеделник 20.08.2018 година со почеток во 11.00 часот започна најавениот протест на производителите на слива во Делчево.

Беше блокирана раскрсницата кај Меѓународниот пат А3 кој го поврзува Делчево со бугарската граница. На протестот учество зедоа над 30 производители на слива со својата земјоделска механизација кои што во времетрање од еден час го блокираа сообраќајот во двете насоки.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од страна на луѓето кои протестираа беа искажани уверувањата кои ги имаа добиено од страна на претставниците на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во текот на вчерашниот ден за исплата на најавените 2 денари/килограм на откупувачите, 3 денари на производителите како и исплата на штета на неоткупената слива, чија што количина и износ ќе се утврди од страна на комисија која ќе излезе на терен.

Во текот на протестот се случи инцидент при кој што додека неуниформирано лице на МВР од Полициската Станица во Делчево ги фотографираше тракторите и земјоделската механизација како и лицата кои протестираа на протестот. На тоа дел од луѓето кои протестираа реагираа вербално сметајќи ја ваквата постапка за притисок и опструирање кон самиот протест.

Потоа мораа да реагираат и униформираните лица од сообраќајната полиција со цел за спречување на ескалација на состојбата.

По смирување на тензијата, од страна на производителите во знак на протест беше истурен дел од нивниот скапоцен род на местото на протестот, по што од страна на униформираната полиција беа предупредени дека ќе мора да го соберат за да не им пишуваат казни на оние кои протестираат.

Во целата ситуација на крај од протестот луѓето кои протестираа уплашени од можните казни кои ги најави полицијата ги собраа истурените сливи и си заминаа. Протестот официјално заврши во 12.00 часот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace