БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Производителите на слива во Делчевско се радикализираат. Најавена блокада на меѓународниот пат кон Бугарија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По минатонеделниот предупредувачки протест на делчевските производители на слива, пред кабинетот на Градоначалникот на Општина Делчево, за понеделник 20.08.2018 година со почеток во 11.00 часот најавен е нов протест со блокада на меѓународниот пат A3 кој од Делчево води кон Бугарската граница.

Протестот се организира со цел за надминување на кризната состојба која се појави поради непостоење на никаков откуп на пијанечкото сино злато кое во Делчевскиот регион се мери на околу 6000 тони, род кој скапува по нивите.

Делчевските земјоделци оставени на милост и немилост од страна на државата и надлежните институции немајќи никаков друг излез од ситуацијата, приморани се на овој протест затоа што нивната основна егзистенција е ставена во прашање. Цели семејства егзистираат од производство и продажба ан сина слива во Делчевско, инвестирани се огромни сретства кои ќе бидат попусто, поради немањето на пласман на овој пијанечки бренд. Борејќи се наголемо против сиромаштијата дел од овие производители на слива имаат влезено во огромни долгови, со надеж дека нивната инвестиција ќе се исплати како резултат на поволните микроклиматски услови за сливата оваа година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Но, род има ама нема откуп.

Донесената одлука од страна на Владата за субвенционирање на 2 денари по килограм за секој откупен клиограм слива од страна на откупувачите е целосно промашена мерка, која им служи на политичарите за дневнополитички правдања, затоа што откупувачите и да го откупат родот, нема што да прават со него, затоа што не е обезбеден пласман,

-велат дел од организаторите на протестот.

Единствена надеж за преживување на дејноста  е овие два денари да им се исплатат на производителите на слива директно, кои заедно со останатите 3 денари субвенции кои се предвидени во годишната програма на Министерството за земјоделство, е потребно исто така да им се исплатат на овие луѓе, без разлика дали ќе ги продадат своите сливи или не, со што некако ќе ги преживеат направените загуби со овогодинешното производство,

едногласни се делчевските производители на слива.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace