Историја
ФК Брегалница е оформена 1921 година, и преставува гордост на сите штипјани. Своите натпревари ги игра на Градски стадион Штип, кој има капацитет од 6000 гледачи. Во својата историја Брегланица има настапувано и во 2 Југословенска лига, а со независноста на Македонија, Брегалница станува член на 1 МФЛ (Прва Македонска Фудбалска Лига), но иста сезона 1992/93 таа испаѓа од лигата. По неколку сезони минати во второлигашка конкуренција, клубот повторно се враќа во 1 МФЛ, во сезона 1996/97 и сезона 1997/98, во која по 13 кола, се откажува од лигата. После ова доаѓа еден црн период за клубот, кој во сезона 1999/00 испаѓа од 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига), и неколку сезони игра во 3 МФЛ – источен регион. Но сепак клубот и ова го пребродува и успева да се врати во 1 МФЛ. Моментално ФК Брегалница игра во 1 МФЛ (Прва Македонска Фудбалска Лига).
Верната навивачка група на штипска Брегалница го носи името Фаланга. Нивната верност се покажа за време кога играа во 3 МФЛ – Источен регион, кога на трибините на Градскиот стадион во Штип, се собираа и по 2000 гледачи. Најголеми ривали на Фаланга, се навивачката група Сејмени, кои го бодрат ФК Осогово од Кочани. Лидер на навивачката група е Стојанче Коциќ т.н. Цоцо со помошник Сердал Алиов кои успешно си ја вршат задачата и одлично помагаат на екипата како дванаести играч



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива
Физички напад во угостителски објект во Штип
Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“