БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

149 милиони денари за штетите од ланското невреме во Лозово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Невремето кое се случи на 13 јуни 2018 година во Лозово направи големи оштетувања на земјоделските површини , поплавени домови, откорнати дрвја и оштетени покриви на објекти.

Комисиите за проценка и утврдување на висината на штета проценета дека вкупна штета е во износ од 149.115.128 денари на вкупна површина од 3317ха 47ар 18м2 во сопственост на граѓани и деловни субјекти.

Извршена е проценка на штетата е врз основа на 705 пријави – 40 од правни субјекти и 665 од физички лица.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Согласно податоците од елаборатот проценетата штета кај деловните субјекти е во вредност од 104.411.399 денари додека кај физичките лица проценета штета е во вредност од 44.703.729 денари и тоа износ од 44.592.159 денари на оштетени обртни средства, суровини и репродуктивен материјал, полупроизводи и недовршени производи и 111.570 денари на градежни објекти.

По населени места состојбата е следна:

Каратманово, поднесени 137 пријава за површина од 807ха 21а 24м2 и проценета штета во износ од 43.055.711 денари,

Дорфулија поднесени 173 пријави за површина од 636ха 02а 23м2 и проценета штета во износ од 29.417.697 денари,

Милино, поднесени 104 пријави за површина од 408ха 42а 31м2 и проценета штета во износ од 23.785.269денари,

Лозово поднесени 162 пријави за површина од 554ха 19а 63м2 и проценета штета во износ од 17.938.153денари,

Ѓуземелци, поднесени 62 барања за површина од 453ха 64а 13м2 и проценета штета во износ од 14.510.958денари,

Аџаматово, поднесени 41 пријава за површина од 119ха 62а 14м2 и проценета штета во износ од 12.303.723 денари,

Ќоселери поднесени 3 пријави за површина од 247ха 63а 45м2 и проценета штета во износ од 5.314.428 денари

Сарамзалино, поднесени 22 пријави за површина од 21ха 50а 27м2 и проценета штета во износ од 1.440.829 денари, и

Аџибегово поднесени 1 пријави за површина од 69ха 21а 78м2 и проценета штета во износ од 1.348.360 денари.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace