БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наќе Чулев за заканите, политичкиот реваншизам и осветата врз поединци од страна на власта

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поранешниот Министер за внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев упати своја реакција во јавноста во врска со политичкиот реваншизам, заплашувањето и сеењето страв и освета врз поединци во државата од страна на актуелните власти.

Чулев реагираше во врска со одлуката на Врховниот суд во однос на поранешната Министерка за внатрешни работи Гордана Силјановска како и за отказот на поранешниот советник во неговиот кабинет Зоран Ѓоргиевски.

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Наќе Чулев:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“❗️Заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета – вака на кратко може да се опишат двата случаи кои вчера беа актуелни во медиумите.

1️⃣ Првиот е поврзан со ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска / Gordana Jankuloska, која лично ја познавам и со која сум имал извонредна соработка. Мојот впечаток и впечатокот на колегите со кои сум разговарал во Министерството за внатрешни работи е дека станува збор за исклучително чесна и одговорна личност, која во своето работење постапувала исклучиво во согласност со законите. Тие велат дека Гордана Јанкулоска е министер кој максимално посветено и одговорно го водел МВР. И во таа насока конретниот судски случај и денешната одлука е уште една форма на политички притисок насочена кон заплашување на вработени и поранешни функционери во Министерството за внатрешни работи. Давам силна и искрена поддршка за Гордана Јанкуловска да истрае во овие моменти, и уверен сум дека ќе дојде време кога вистината за нејзината работа ќе излезе на виделина.

2️⃣ Вториот случај е со дисциплинската постапка и отказот против поранешниот советник во мојот кабинет, Зоран Ѓоргиевски – Чикаш. И покрај тоа што за него од моја страна за направениот пропуст беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и беше строго казнет, истата беше поништена и во нова крајно политизирана постапка, актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски прави преседан и носи одлука за прекинување на работниот однос. Класично политизиран случај за кој сум сигурен дека судската разрешница ќе покаже дека во овој, како и во многу други случаи раководството на Министерството за внатрешни работи постапило спротивно на законските прописи. Како човек во чиј тим бил и Зоран Ѓоргиевски, стојам позади него. Воедно, ги охрабрувам сите вработени кои се соочени со вакви или слични притисоци своите права да ги побараат пред надлежните комисии и правосудни органи.

🗣 На крајот потенцирам дека Министерството за внатрешни работи мора да се профилира во професионална институција во која се почитуваат правните акти и ќе владее правото и правдата и мерит системот, а вработените ќе бидат ослободени од политичките притисоци.”

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/192653308928138

Креирано од:


Пренеси го гласот