По донесувањето на Одлуката на Врховниот суд за потврда на казната пресудена од Апелацискиот суд против поранешната Министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во случајот “Тенк” во кој што беше осудена за набавката на блиндираниот мерцедес во МВР, во јавноста проструија информации дека Јанкулоска се дала во бегство од страна на повеќе провладини медиуми.
По ваквите информации во јавноста преку социјалните мрежи се одзва и самата Јанкулоска која соопшти дека се наоѓа дома и дека на крај памет не и паѓа да бега.
“Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството.”
-напиша на фејсбук Гордана Јанкулоска и собра голем број на коментари под својата објава.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026