Љубовните состаноци и начинот на кој во денешно време изјавуваме љубов , не се ни најмалку слични како удварањата во минатото. Сега паровите се понапредни, поопуштени , некои правила кои имале голема важност во минатото сега не се ни во игра. Вниманието и почитта денес се изразуваат на поинаков начин, но сепак мора да признаеме дека старомодниот пристап кон љубовните врски беше поромантичен.
Да се потсетиме на некои гестови и навики , па можеби и ќе примениме некои и ќе ги вратиме во мода.
1. Земање на партнерот од пред врата, и носење цвеќе на првиот состанок Пишувањето порака “те чекам” или ”надвор сум” не е воопшто романтично или нежно ко за прв состанок, наспроти земањето на партнерот од дома , со цвеќе во рака како убав гест , кој веќе ретко се практикува.
2. Романтично танцување И танцувањето на забава почнува да исчезнува. Танцот или валцерот може да се забележи исклучиво на свадби во денешно време. А танцувањето во минатото бил единствениот начин на опуштање и разбивање на срамот.
3. Романтични гестови како пишување поеми Вниманието искажано преку неколку реченици од ваша страна значи премногу, и дава многу поинаква слика за значењето и грижата кои ги имате кон партнерот.
4. Барањето на дозвола Прашањата од типот: Кога може да те видам ? Кога може да ти се јавам? Да не ти досадувам? Извини што ти одземам време… се внимателни барања на дозвола кои секако , ја полнат душата на партнерот.
5. Состанокот не мора да заврши со секс Сексот нема потреба повторно да стане табу тема, но не би требало ниту да се очекува уште на првиот состанок. Состанокот дефинитивно не мора да заврши со секс.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?