На 20.07.2026 во 01:11 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Д.З.(52) од Штип. При сообраќајна контрола на ул.„Партизанска“ во Штип, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.З. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
52 годишен штипјанец возел автомобил со 1,98 промили алкохол во крвта

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”