Вчера (24.07.2026) во 01:40 часот на ул.„Кеј на револуцијата“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода З.С.(53) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, при што било констатирано дека З.С. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
53 годишен жител од Кочани управувал патничко возило под дејство на алкохол

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево