Името на нашата држава за оваа американка ќе остане секогаш Македонија и покрај проблемот со нашиот јужен сосед. За првпат таа ја има посетено Македонија во 2015 година. Сега живее во Белград и се почесто ја посетува нашата држава поради убавините кои Македонија и ги пружа нејзе како индивитуален патник по светот.
Ова се шесте нејзини причини зошто таа ја сака Македонија:
- Македонија е убава земја, за пешачење, планинарење, прошетки со природни убавини кои го плениле срцето на оваа американка
- Луѓето во Македонија се прекрасни. Особено за луѓе кои патуваат сами. “Овде во Македонија луѓето ги третираат посетителите како личности.” Од искуството што го имала со посета на над 40 земји тоа не било случај.
- Друга причина зошто ја сака Македонија е затоа што луѓето не се зафркаваат со Кирилицата како азбука. Сите знаци, сите билборди сите натписи на продавници се на кирилица, што за некој странец е вчудоневидувачко, но она што треба да го направи истиот тој посетител е тоа да го прифати. Забавно е како турист да стоиш пред сите тие кирилични знаци како се обидуваш да ги изговориш сите тие зборови.
- Македонија е особено интересна земја со богато културно, етничко и разновидно богатство.
- Цените во Македонија кои се евтини за сечиј стандард и вкус.
- Храната во Македонија е најдобрата која оваа американка ја има пробано.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје