На 17.09.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Кочани, 61-годишна жена од кочанско пријави дека била измамена од П.Г.(59) од кочанско за сума од 4.000 евра. Според пријавеното, во октомври 2020 година лицето ѝ ветило дека може со пријатиле од Скопје да направи таа да земе пензија. Како што е пријавено, од тогаш до декември 2023 таа подготвила документација и во декември 2023 му ги дала парите. Како што е пријавено, откако ги дала парите до декември 2024 година имале повремени контакти, по што престанал да одговара на нејзините повици и се посомневала дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
61 годишна жена од кочанско пријавила дека била измамена за сума од 4000 евра

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево