БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

80 години од гибелта на Македонскиот револуционер Христијан Тодоровски- Карпош

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 07.02.1944 година, кај селото Биљача, во борба против бугарските фашисти загинува командантот Христијан Тодоровски – Карпош, народен херој на Македонија.

Роден е во Куманово на 3 септември 1921 година.

Поради неговиот револуционерен дух, бил истеран од средното училиште и не му било допуштено да се запише во ниедно друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Откако Бугарија ја окупирала Македонија, Карпош веднаш стапува во партизанските редови за борба против бугарските фашисти.

Карпош е еден од првите борци во Куманово, бил член на Првиот Кумановски Одред од 11 октомври 1941, а потоа и член на партизанскиот штаб во Куманово.

Во 1941 учествува во прибирање на оружје, растурање на памфлети и дистрибуција на билтенот „Дедо Иван“, кој бил издаван од страна на градската партизанска организација.

На 26 јуни 1943 Карпош станува командант на Кумановскиот партизански одред, кoj пoстeпeнo нараснувал и на 1 декември 1943 бил официјално преименуван во Прв кумановски баталјон „Јордан Николов – Орце“.

Карпош со македонските партизани војувал и против четниците на Дража Михајловиќ, позната е битката против нив кај селото Пелинце, Кумановско.

На 7 Февруари 1944, во судир со бугарските фашисти кои биле стационирани во воено-полициско упориште во селото Биљача, Прешевско, ќе загине големиот македонски револуционер Христијан Тодоровски Карпош.

Оваа година се навршуваат 79 години од неговата херојска смрт за слободата на Македонија.

Неговото родно Куманово со сите должни почести го чествува ликот и делото на Христијан Тодоровски Карпош а по него насекаде низ државата се именувани училишта, плоштади, улици…

ВЕЧНА МУ СЛАВА НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ СИН!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace