БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ: Низок обид за дефокусирање на јавноста од проблемот кој го создадоа со потпишувањето на штетниот преспански договор

Пренеси го гласот

Врз основа на неуспешниот обид на партијата на власт во државата да се справат со народното несогласување со потпишаниот договор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас, од СДСМ излегуваат со потценувачки методи и обиди за фрлање дамка врз Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во продолжение го пренесуваме интегрално целиот текст и видео обраќањето на партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

СДСМ е исплашен од фактот дека граѓаните единствен заштитник на национални и државните интереси гледа во ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот  Претседателот Христијан Мицкоски.

Затоа СДСМ со ниски и приземни обиди се обидува да фрли дамка врз неговата професионална богата кариера и биографија.

Обидот да се оцрнат ценети професори кои оставиле белег во академската средина, покажува колкав е очајот на СДСМ да се направи дефокус од капитулантскиот договор и согласноста за бришење на Република Македонија и на Македонците, нејзината историја, култура и традиција.

СДСМ повторно го потценува народот и неговата интелигенција. Толкав е капацитетот на партијата која што ја води аболициран криминалец за криминали тешки милиони евра. Толкав е капацитетот на партијата која што ја води човек кој ја крие биографијата на сопствениот татко.

Зоран Заев треба да одговори пред македонската јавност дали неговиот татко, исто како и тој самиот, имал проблеми со институциите и законот и бил гонет за кражба на струја. Дали е точно дека Панче Заев, таткото на Зоран Заев, бил на суд за кражба за над 15 000 киловати електрична енергија? Зоран Заев е должен да одговори колку Вице Заев и останатите членови на криминалниот картел го имаат зголемено капиталот откако Зоран Заев е дојден на власт.

Валканите манипулации на СДСМ не минуваат кај граѓаните. Граѓаните заслужуваат власт која што ќе работи за нив и ќе ги штити државните и национални интереси.

Креирано од:


Пренеси го гласот