Во нова мисија, државна одговорност за Косово! Му благодарам на претседателот на Република Косово, Хашим Тачи за довербата и моето именување за амбасадор/шеф на Дипломатската мисија на Република Косово во Република Македонија,
-напиша Дедај на својот профил, откако се здоби со функцијата Амбасадор на Косово во Македонија.
Функцијата амбасадор во Македонија на Дедај , предизвика бројни негативни реакции во косовската а и во македонската јавност.
Хади Османи, кандидатот за градоначалник од Липково од СДСМ на својот фејсбук профил изрази незадоволство за изборот на Дедај.
Тој напиша:
Во мултиетничка и рамноправна држава за сите граѓани, нема место за фашистите како Ѓерѓ Дедај. Мојата загриженост ќе му ја пренесам и на премиерот Зоран Заев и ќе побарам од него да не прифати амбасадор кој ги навредува заедниците што живеат во Македонија. Тој е фашист, расист, исламофоб … Тој е разрешен од функцијата за фашизам, не прифаќаме ѓубриња.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!