Колку повеќе се доближува крајот на мандатот на актуелната власт толку повеќе тоне рејтингот на СДСМ и ДУИ кај граѓаните во државата.
Според последната анкета на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) се се повеќе незадоволни од политиките на партиите во власта и манифестираат про-опозициски располежение со евидентно доминантна поддршка за политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има Парламентарни избори?“, за ВМРО-ДПМНЕ гласот би го дале 20,3% од граѓаните, додека за СДСМ само 11,3%. Селдуваат по рејтинг партиите ДУИ со 5.6% и Левица со доверба од 3.5% од испитаниците.

Графичкиот приказ на резултатите од анкетата по ова прашање е следен:

На прашањето “Во кој политичар имате најголема доверба?” дури 16.5% ја искажале својата доверба кон лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски што е околу 3 пати повеќе од довербата од 5.6% од испитаниците кои имаат доверба во актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски. Интересно е што 6.1% од испитаниците укажале доверба на претседателот на ДУИ Али Ахмети што е поголем рејтинг од самиот премиер. По рејтинг следуваат градоначалникот на Тетово Максим Димитриевски со 3.9%, претседателот на Левица Димитар Апасиев со 3.8%, Никола Груевски со 3.7%….

а рерултатите интерпретирани на графички начин би изгледале вака:

Истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него биле запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на
партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.
Анкетата на ИПИС е спроведена преку метод на кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 25 и 27 октомври 2023 на 1055 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор