Во текот на вчерашниот ден 28 Октомври актерот Метју Пери кој што го играше популарниот лик на Чендлер Бинг во телевизиската ситком серија “Пријатели” (Friends) бил пронајден мртов во када во неговата бања.
Пријатели и фанови на популарниот канадско-американски актер организирано му одаваат последна почит во коментари на неговата последна инстаграм објава.
Телевизиската мрежа на NBS каде што се емитуваше популарната серија во повеќе сезони ја потврдиле веста со тажна изјава за неговото прерано заминување од овој свет.
“Тој донесе многу радост на стоцици милиони луѓе ширум светот со неговото совршен тајминг на комичност. Неговото наследство ќе живее низ безброј генерации” стои во реакцијата на NBC.

Се уште не е потврдена причината за неговата смрт, а нема никакви знаци на насилство кај неговите посмртни останки.
Голем број негови колеги преку своите социјални мрежи со почит, љубов и тага споделуваат свои мисли во врска со овој тажен настан.
Метју Пери e е роден во 1959 година и почина на 54 годишна возраст.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нова авторска песна на Игор Јагуриноски: “Блуз во душата”
Најава за музички спектакл: Бојана подготвена за дружба со тетовската публика на настан кој долго се очекуваше
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“