БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

МВР-Циркузијада во Кочани: Полицаец контролира постапка во која самиот е пријавен од граѓанин

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигнаа повеќе информации кои што се однесуваат на системски дефекти на работата и функционирањето на полициските службеници во ОВР Кочани.

Имено според доставената документација до нашата редакција од страна на граѓанин станува збор за случај во кој што граѓанин на општина Кочани поднесува пријава против Самостоен инспектор по економски криминалитет во ОВР Кочани за непрофесионално постапување до Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при ОВР Кочани. Во одговорот што на оваа пријава го добива оштетениот граѓанин, како лице контролор во постапката се јавува пријавеното лице со што влијае на самиот процес на постапката која според текстот на одговорот доставен до оштетената страна внатрешната контрола не констатирала прекршување на работната дисциплина од страна на пријавениот службеник кој истовремено е и потпишан контролор во дописот.

Во потрага по правда за себе оштетеното лице случајот го пријавува и во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во Скопје од каде добива одговор дека по постапувањето од овој оддел констатирале дека претставката е основана. За утврдените неправилности на полицискиот службеник ќе бидат превземени соодветни мерки согласно постојните законски правила и норми.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Овој пример е јасен показател за начинот на кој што се спроведува правдата и законите во Македонија во редовите на оние кои се најповиканполицијата да ги штитат интересите на граѓните.

Ваквата пракса мора да биде соодветно санкционирана со цел да не се повтори во иднина.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace