На 26.10.2023 година во Основното училиште Кочо Рацин во Кратово се случил немил настан на психичко и физичко насилство врз вработена во училиштето. Според информациите кои што до нашата редакција ги достави укажувач станува збор за вработена службеничка како хигиеничарка со иницијали Ј.З. во споменатото училиште која била физички нападната и над неа било извршено грубо родово насилство од страна на нејзин колега со иницијали З.Т.
На физичкиот напад според укажувањата на нашиот извор му претходела и силна психичка тортура за што малтретираната вработена се обратила до Директорката на училиштето Марина Бојковска од која побарала помош. Наместо помош од директорката оштетената вработена била препратена кај службите на разговор. Ј.З. и З.Т. биле кај психологот на училиштето при што според кажувањето на укажувачот постои сомневање дека вработениот кој вршел психичка тортура врз Ј.З. бил под дејство на алкохол но и покрајт тоа тој не бил отстранет од училиштето. Наместо Ј.З да добие заштита поради тоа што се охрабрила да го пријави настанот кај одговорните во училиштето таа добила поголема тортура.
Изворот кој што сака да остане анонимен согласно Законот за укажувачи ја алармира јавноста дека постојат сомневања дека З.Т. често бил под дејство на алкохол а и комуницирал на висок тон со вулгарен и недоличен однос по ходниците на училиштето со знаење и толерирање на директорката на училиштето.
Ваквата состојба е крајно неповолна и недозволена за да биде дел од образовниот процес во училиштето па апелот е оваа состојба да ја проверат надлежните инстанци во образованието управувано од министерот Јетон Шакири кои се одговорни ваквите појави да ги санкционираат доколку навистина се случиле.
Врз основа на доставените информации до нашиот интернет портал од страна на укажувачот апелираме до министерот за образование Јетон Шакири лично да појде во училиштето за да се увери во оваа појава која се случувала и тоа пред очи на учлениците, на ист начин како што појде во Кочани пред неколку месеци да ја посети девојката на која не и било дозволено со бурка да оди на училиште.
Јавно прашуваме дали оваа состојба се случила под закрила на директорката на училиштето и дали мотивот е вработената хигиеничарка да биде притисната да замине во пензија за да на нејзино место дојде партиски војник пред избори?
Сериозноста на овој случај налага министерот како и неговите подредени да утврдат дали е точно дека и покрај тоа што за едно вакво сторено прекршување на работниот ред и дисциплина сепак сторителот на настанот од страна на директорката ќе биде спасен? Дополнително се наметнува прашањето дали Министерот Шакири и неговите служби ќе преземат мерки за утврдување на одговорност кај директорката и раководството на училиштето кои иако биле запознаени го игнорирале случајот?
Укажувачот исто така упатува и прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кое го пренесуваме интегрално:
-“Дали е вистина дека имаме нецелосни проверки извршени од вработените во МВР и по диктат на директорката Марина, чии сопруг е пензиониран началник на СВР Велес, на вработените во МВР во Кратово се врши тортура со цел да се заташка случајот и да нема завршница?”
Во насока за расветлување на ситуацијата, на сите инволвирани страни им стоиме на располагање во наредниот период за потврдување или демантирање на изнесените сомнежи на нашиот портал.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец во Струга пријавен дека физички ја нападнал својата сопруга
Оператор со погребални услуги во Берово откопувал човечки гробови и остатоците од човечки тела ги закопувал на градежна депонија
И ова е казниво дело: Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава