БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Блокада на одлуките на ООУ Ванчо Прќе Делчево се додека не се обезбеди превоз за трите дечиња од с. Илиово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе ги блокира и нема да гласа за одлуките во Советот на Општина Делчево на Основното Општинско Училиште “Ванчо Прќе” од Делчево.

Причина за ваквата блокада е игнорантскиот однос на менаџментот на училиштето во врска со проблемот со превозот за триде дечиња кои што треба да посетуваат настава во ова училиште.

За проблемот со ревозот на своите три дечиња неколку пати реагираа и родителите кои што повеќе пати бараа решение на проблемот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Непостоењето на соодветна современа сообраќајница по која би се реализирал законски предвидениот службен превоз за учениците од ова семејство од село Илиово е главниот проблем порад кој превозникот одбива да вози по црниот пат кој што поради неодржување не е безбеден за сообраќај. За изградба на ликалниот пат е директно надлежен делчевскиот градоначалник, но од страна на општината нема најава за таква работа. Така додека семејството со трите дечиња чека на решение на прблемот од страна на надежните локални власти, децата губат од наставата а институциите се закануваат на родителите дека ќе ги казнат поради тоа што не ги пуштаат дечињата на училиште.

За ваквата сотојба реагираат повеќе поединци кои што апелираат до наделжните да се реши овој проблем.

На последната седница на Советот на Општина Делчево советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја најави оваа блокада на носењето на одлуки поврзани со работата на училиштето:

“Нашата Советничка група СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ТРИТЕ ДЕЧИЊА ОД СЕЛО ИЛИОВО КОИ ШТО НЕ ГИ ЗИМААТ СО ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД УЧИЛИШТЕТО (како што е и согласно закон) ЗА ДА ОДАТ НА УЧИЛИШТЕ, НЕМА ДА ГЛАСА И ДИСКУТИРА ПО ТОЧКИ КОИ ШТО СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА И ОКОЛУ РАБОТЕЊЕТО НА ИСТОТО!

Ова е како револт на нехуманиот однос на одговорните за итно решавање на овој случај кон ова младо делчевско семејство!”

-напишаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево на социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace