БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Додека МВР тоне по сите основи, Оливер Спасовски станува “крал на интервјуата” во скапи медиуми

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

МВР се гуши во ѓубре, полицајците секојдневно се мета на напади, а Спасовски со интервјуа налик на шпански серии и понатаму ја тера својата дневно политичка агенда

Министерството за внатрешни работи, сега е институција која на дневна основа, за политичките цели на Оливер Спасовски лиферува по 20-тина соопштенија во кои се обидуваат да не убедат нас граѓаните и вработените во оваа институција за тоа колку тој успешно си ја врши својата работа. Истовремено Спасовски во маратонско интервју, зборува за се, освен за суштинските работи. Класична злоупотреба на државните институции за политички цели, за што меѓународните претставници во државата мора итно да реагираат.

Но, за неуспешноста на менаџерот ништо не говори повеќе од револтот и незадоволството на вработените и фактот дека функционирањето на МВР е систематски застанато на секое ниво. Па, така денес Министерството за внатрешни работи се гуши во ѓубре и отпад, поради неспособноста на Оливер да ангажира фирма која ќе ја одржува хигиената, паралелно со тоа се гушат и управните служби, каде редиците и нервозите секојдневно стануваат се поголеми. Се „гушат“ и вработените кои за жал преку ден треба да бидат хигиеничари, а попладне да учествуваат во лошо испланирани акции, каде нивниот живот е загрозен, а кои Спасовски ги користи само за лична промоција, фалејќи се дека запленил ножиња за сервирање појадок.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Одговорност мора да има за тој што дозволил да биде загрозен животот и безбедноста на повеќе од 15 полициски службеници кои се повредени изминатите неколку денови вршејќи ја својата работна должност. Зарем личниот ПР, желбата за себепромоција и политичките битки во СДСМ се поважни од животот на луѓето кои секојдневно се во првите редови во зачувувањето на суверенитетот и безбедноста на државата?

-фејсбук реакција на Наќе Чулев- поранешен министер за внатрешни работи

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace