Украсувањето на целиот дом , како прозорите, дневниот престој , дворот и балконите постоело уште од многу одамна во минатото.
Секако украсувањето било на поедноставен и поинаков начин, и Новогодишните елки секогаш биле во центарот на вниманието, како и традиционалните Божиќни подароци за целото семејство.
Веќе сме дел од сегашната еуфорија и украсување, но со оваа фотографија сакаме да се потсетиме на Новогодишните декорации од минатото во центарот на главниот град на Македонија.
Во 1951 година скопјани за волја на вистината обраќале особено внимание на новогодишниот декор што може да се согледа на оваа фотографија.
Денес во услови на општа криза енергетска рецесија и драстичен раст на цената на електричната енергија ситуацијата е влошена што влијае на новогодишната еуфорија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“
Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји
МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА COP31 ВО ТУРЦИЈА