Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Владата да не бега од одговорност за цената на тутунот, таа е регулатор, не медијатор

Пренеси го гласот

Почитувани тутунопроизводители

За нештата да бидат по јасни, Владата преку МЗШВ веќе подолг период се обидува да се претстави само како медијатор помеѓу тутунарите и откупувачите обидуваќи се на тој начин да се изземе од одговорноста и неспособноста да го изменаџира овој процес. Но, вистината е сосема поинаква, имено Владата не е медијатор, туку регулатор, бидејќи таа е таа која ги носи законите (во овој случај Законот за тутун), министерот за земјоделие ги носи правилниците за квалитативна и квантитативна проценка на тутунот, МЗШВ преку Државниот земјоделски инспекторат го регулира и контролира откупот и создава амбиент за откуп, и со самото тоа ја прави директен учесник во разговорите и преговорите за цената на тутунот. Затоа тутунопроизводителите не смеат да бидат оставени само на добрата волја на откупните претпријатија од една страна и неспособноста на Сојузот на земјоделски здруженија од друга страна, кој пак Сојуз беше формиран на начин и со цел познат само на неколкумина и кој  во последните неколку години го добива легитимитетот од власта да ги “штити” правата на тутунарите.

Затоа, ЈАВНО го повикуваме министерот Николовски да не си ги “пере“ рацете преку Менде Стомнароски бидејќи со перење на раце не се добиваат гласови туку со посветена работа, и да седне на маса со откупувачите за веднаш да договорат повисоки цени на класите со што би се добила повисока просечна откупна цена со која би биле задоволни тутунарите, и кои цени ќе се преточат во анекс на договори и откупот на 15 декември да стартува без никакви проблеми поради тоа што оваа работа е повеќе од сериозна и не се однесува само на овогодинашната реколта туку и на опстанокот на тутунопроизводството во Македонија, која како гранка доколку се дозволи да изумре најголеми губитници нема да бидат тутунарите, туку државата и откупувачите. Затоа свестете се и почнете да работите, бидејќи уште малку време ви остана!!!

Став на Игор Мирчески, координатор на новоформираните земјоделски здруженија.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот