БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да се изборат за узградба на патот Чифлик-Умлена во Пехчево

Пренеси го гласот

На вчерашната комисиска расправа во рамки за донесување на Буџетот на владата за наредната 2024 година пратениците на ВМРО-ДПМНЕ после повеќе години борба во парламентот за обезбедување на пари за изградба на патот Чифлик-Умлена во Пехчево, конечно ги беди пратениците од владеачкото мнозинство да обезбедат пари за реализација на овој проект.

“После неколкугодишно настојување, конечно општина Пехчево која ни ја оставија со блокирана сметка, добива 18.000.000 денари за изградба на патот Чифлик-Умлена.

Вчера вечер, под лидерство на Претседателот Hristijan Mickoski пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да издејствуваат средства за решавање на овој долгогодишен инфраструктурен проблем.

Честитки за жителите на Чифлик и Умлена и за залагањето на градоначалникот Александар Китански со очекување истиот проект да биде реализиран што поскоро.

*После преземањето на власта, ќе биде направен и патот до Робово.

Македонија се сака со дела и со реализирани ветувања.”

bregalnickimarketing

-напиша на фејсбук пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ споделвајки видео од своето обраќање во рамки на расправата во собранието.

Креирано од:


Пренеси го гласот